(ФОТО) Командоси од САС ги разаочараа британските генерали: На Фејсбук објавија слики од своите тајни мисии

од Vladimir Zorba

Високото воено раководство на Велика Британија е во ужас: еден од најелитните единици на командоси објави слики од вежбиа и тајни операции на социјалните мрежи. Членовите на единицата за специјална авиодесантна служба (САС) на Велика Британија имаат објавено над 2000 фотографии. На нив се гледа како момчињата учествуваат на вежба,но исто така и во воени операции, вклучувајќи и во Ирак. На голем број фотографии се гледа и современото оружје, техника и превозни средства кои се користат од елитните британски воени единици, вклучувајќи и прецизните снајперски пушки.

Пристапувајжи во служба во САС, војниците потпишуваат изјава за неразгласување на доверливи информации, затоа објавувањето на фотографиите е директно прекршување на условите на декларацијата. Тие исто така немаат право да шират информации за тактиките, обуките и операциите.

Министерот за одбрана на Велика Британија одби да коментира инцидентот, но, најверојатно, сите војници, кои ги објавија сликите ќе бидат протерани.

На серијата слики наидоа детективи кои ги истражуваа сигналите за тоа дека британски специјални делови убиле неколку мирни граѓани во провинцијата Хелманд во Авганистан, а потоа со фалсификувани документи ги скривале инцидентот.

Слични содржини