Контрапротестантите на Стевче Јакимовски ,лидерот на партијата ГРОМ која е коалициски партнер на ВМРО ДПМНЕ први ја зазедоа позицијата пред Уставниот суд за протести.

Од таму велат дека тие здушно ќе протестираат, ама дека не станувало збор за контра протест туку за поддршка за институциите.

СДСМ најави дека ќе се приклучи на денешниот граѓански протест пред Уставниот суд со цел да се спречи укинувањето на Законот за помилување со што на претседателот на Македонија ќе му се овозможи да помилува лица одговорни и за изборни криминали и нерегуларности.

Протестот го организира платформата за граѓанска политика „Ајде“ и тој ќе започне пред Владата на Македонија, а ќе заврши пред Уставен суд. Од „Ајде“ соопштија дека пред судот ќе останат цела ноќ за симболично да бдеат над Уставот бидејќи за утре е закажана нова седница на Уставниот суд. На неа се очекува да биде разгледува иницијативата за укинување делови од Законот за помилување, кои забрануваат Претседателот на државата да помилува осуденици за изборен криминал и други тешки кривични дела.

 

Фото: facebook

Слични содржини