(ФОТО) Курдите се нов стратешки партнер на САД: Градат аеродромска мрежа во Сирија, Вашингтон се откажува од Турција!?

од Vladimir Zorba

Информативниот портал Breaking News јави дека Курдите од SDF водат не директни преговори со терористите за пренос на градот Ат-Табка и Ефратската ХЕЦ во рацете на сојузниците.

Причината не е само фактот дека со уништувањето на браната може да настане еколошка и хуманитарна катастрофа во целиот рцелегон односно по течението на реката.

Причина за приврзаноста на Курдите кон САД и обратно е далеку поважна: во околината на градот Табка се наоѓа писта на поранешна авиобаза на сириските воздухопловни сили. Таму веќе деноноќно работат инженери и командоси од ВВС на САД – подготвуваато стратешки објект за распоредување на сили и средства за ослободување на Ракка од ИД.

Работата за обновување и проширување на авионската писта и други објекти лоцирани на 50 километри западно од Ракка започна уште кон крајот на март. Авиобазата, според локалните медиуми, делумно веќе е подготвена за прифаќање на тактичка авијација, ударни и транспортни авиони од ВВС на САД.

До сега американската авијација, обезбедува правна, борбена и логистичка помош на арапско-курдската коалиција “Демократски сили на Сирија” (SDF), која оперира од авиобазите “Рмејлан (провинција Хасаке) и” Кобани “(провинција Алепо). Откако “Табка” ќе биде конечно подготвена за експлоатација, контингентот на САД ќе го пренесе “тежиштето” на операцијата кон ИД, многу поблиску до Ракка, тврди EADaily.

Слична активност Американците вршат и во кантонот Кобани каде се проширува локалниот аеродром кој се наоѓа на 110 километри од Ракка. Оваа база треба да прифати големи транспортни авиони. Во март слетаа не помалку од 50 авиони Ц-17 “Глобомастер” и 100 пати С-130 “Херкулес”.

Очигледно е дека зголеменото воено присуство нема за цел да се ограничи со тактички цели за поразот на “калифатот”. Изградбата на ваква сериозна инфраструктура е со оглед на геополитичките цели на САД во регионот. Американските бази “Рмејлан”, “Кобани” и “Табка” ги обединува фактот дека се создадени фактички во реонот на сирискиот Курдистан.

Тоа не може да е случајно, смета EADaily. Засега Американците оперираа за Сирија и Ирак од турската авиобаза “Индџирлик”, при што зависеа од добродушноста и политичките каприци на Анкара. Секој месец можностите за уцена се големи или се губеше време за нивно отсранување. Затоа САД ќе ја продолжат соработката со Курдите, кои продолжуваат со спроведувањето на стратегијата да остварат вековниот сон на обединување на Курдите во една држава Курдистан.

Слични содржини