(ФОТО) Лејди Гага со портокалова коса

од Vladimir Zorba

Лејди Гага премина во екипата на бринети пред само неколку месеци и веќе одлучила да го смени дрско изгледот.

Пејачката ја остави настрана русата и костенлива боја и се обложи на … портокалот.

Со новата фризура Лејди Гага дебитираше во социјалните мрежи објавувајќи неколку фотографии на кои се гледаат огнените нијанси во прамените.

За кратко време пејачката собра бројни пофалби од страна на фанови и обожаватели, кои очигледно се одушевени од новата фризура на својата љубимка.

“Како летна праска”, напиша над еден од кадрите самата Лејди Гага.

 

Слични содржини