Во последните неколку дена Луис Хамилтон стана еден од најпосакуваните ергени. Тркачот на Формула 1 беше поврзан прво со од неодамна слободната Џиџи Адид , а ден подоцна со нејзината блиска пријателка Кендал Џенер .a94722b3157ee35e6dad42238599035a

Судејќи според последните фотографии на Луис, очигледно искрите на љубовта се меѓу него и помалата сестра на Ким Кардашијан .

Двајцата беа снимени на луксузна јахта во близина на брегот на Монако. Друштво им правеа и пријателките на Кендал – Џиџи Адид, нејзината сестра Бела како и Хејли Болдвин .

Во последно време моделите излегуваат постојано во друштво на 30-годишниот Хамилтон.

Само пред неколку дена тој потпиша тригодишен договор за 100 милиони фунти, но пак не успеа да победи за време на трката во неделата.

По сѐ изгледа дека сепак загубата ни најмалку не се одразува лошо на поранешниот омилен на Никол Шерцингер и тој се чувствува повеќе од пријатно во друштво на млади и убави жени.

Кендал и Луис; Фото: dailymail.co.uk

Всушност,  се зборува дека мајката на Кендал – Крис џенер , ја убедува  својата ќерка да започне врска со натпреварувач од Формула 1.

Дали таква веќе има, преку фотографиите во нашата галерија и проценете сами.7bc9e356b652d353abcfac7ed3d55eca ac72a2933f72a39933eafcb76e155d89 8c91db237571a0f3698f133d6b31b91f da8e96872e121c67c54ed2ada76cfbde 862b10a32300bd7deae8397f29ec939b 85263a5fdcfa11545f409eadf7a48658 4ea58152c77aff25f53a78f9dd18e094 2a2ff536d631c97e7c41461244c739d8 778ca1687d3e69b95a9deab3684a0da5 b806d3780449bf0d0545bad91d39fb3e

Слични содржини