160
Ноќта на вештерките е една од омилените денови на пејачката Мараја Кери (46) и секоја година таа приредува најлуда забава. Оваа година таа малку подрани и една недела претходно ги повика пријателите во нејзината вила во Лос Анџелес.
Таа и нејзиното семејство беа во центарот на вниманието на забавата.
На свеченоста беше нејзиниот поранешен сопруг Ник Канон (36), кој беше облечен како Супер Марио и нивните деца, близнаците (5) Мароко и Монро. Додека пак Мараја беше маскирана во секси ѓаволица, облечена во црвен тесен кожен костим.
За поранешниот сопруг, таа неодамна изјави:
“Се трудиме заедно да ги одгледуваме нашите деца и да бидеме во добри односи”.