(ФОТО) Марго Роби во друштво на непознат маж

од Vladimir Zorba

Жешката актерка Маргот Роби беше уловена од папараците со непознат маж во Лондон. Двајцата биле фотнати во хотел во англиската престолнина по забава по повод отворањето на продавницата. Таа се обидела да излезе со мажот низ задната врата, но на крајот и таму демнеле фоторепортери.

Убавата русокоса е една од најпознатите наградувани актерки, а во 2016 година ја предводеше листата на ѕвездите во филмот, изготвена од IMDb.

Таа беше поврзувана за девојка на Бред Пит по разделбата со Анџелина Џоли, но сето остана во сферата на шпекулациите. Кога озборувањата дека ги топли чаршафите на Бред добија на интензитет во крајот на минатата година, таа прикачи кадар во Instagram, на кој се бакнува со британскиот режисер Том Акр.

Таблоидите на Островот веќе погодуваат кој е новиот маж до Марго Роби и дали се раѓа уште една љубовна приказна во холивудски стил.

Слични содржини