ФОТО: Мизерија и булинг во Државниот ученички дом „Здравко Цветковски“

од desk4

Државниот ученички дом „Здравко Цветковски“ во Скопје однадвор изгледа сосема нормално. Некој што редовно поминува покрај него, би рекол дека е добро уреден, со оглед на средениот двор и летниковецот кој претставува место за дружење на станарите. Но, штом влезете и се качите на првиот спрат, сфаќате дека приказната не е толку убава и пријатна – барем не за неговите станари. Внатре се кријат приказни за врсничко насилство, кражби и несоодветни услови.

Во домот престојуваат средношколци кои претежно се запишани на одредена академија, било музичка, уметничка, или за спорт. Тие се ослободени од плаќање на престојот, но цената ја плаќаат со своите нерви.

Радио МОФ го посети ученичкиот дом, кој е еден од вкупно 18 во државата. Но, како што пишува Радио МОФ, уште на самиот влез немало кој да ги регистрира.

„Поразговаравме со двајца станари во домот кои се ученици на Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн. Еден од поголемите проблеми кои ги имаат овие ученици е што немаат простор каде можат да ги извршуваат работните задачи“, пишува Радио МОФ.

Сметаат дека останатите ученици се привилегирани, бидејќи имаат свои простории за работа – учениците од државното училиште по физичка култура имаат своја спортска сала, музичарите имаат свој кабинет, додека уметниците мораат да цртаат и бојат во своите соби.

Т.С. престојува во домот веќе четири години. Вели дека ветувањето за просторија која ќе биде само за уметниците постои уште пред тој да се всели.

„Работиме со маслени бои, а тоа е многу штетно за здравјето. Четворица сме во 12 метри квадратни, така што уште поштетно е“, вели овој средношколец.

„Мојата струка е мултимедиски дизајн и ми треба компјутер, а тука не можам да донесам бидејќи секој месец има по некоја кражба на лаптоп. Интернет нема, само ветуваат – ни простор за работа, ни ништо“, додава тој.

Неговиот пријател И.Д. вели дека одговорот што најчесто го добивале од одговорните кога барале просторија е дека ќе ја претвореле занималната во „наркоманско дувло“.

Последното ветување од директорката го добиле од пред две недели, иако сè уште ништо не е направено.

Но, нивните проблеми се далеку поголеми од една просторија за работа.

Повеќе на Радио МОФ на следниот линк.

Слични содржини