(ФОТО) Неофицијално: Екипите на МВР пронашле остатоци од урнатиот авион

од Vladimir Zorba

policija_3

Екипата на Телма која е на терен и ја следи полицијата, која е во потрага по германскиот приватен авион кој се урна попладнево во регионот на с. Кожле, близу Катланово, неофицијално информира дека полициските тимови ги пронашле остатоците од исчезнатиот воздухоплов.

Кон местото каде што се претпоставува дека се урнало леталото се упатиле дополнителни полициски сили. Но, поради непристапноста на теренот леталото се уште не е лоцирано.

policija_16

Жители на селото Кожле сведочат дека слушнале силна ескплозија која доаѓала од воздух , па потоа виделе како се урнало нешто што личело на проектил.

Не знаеле за што се работи и се исплашиле, но подоцна од медиумите разбрале дека се урнал авион. Оган и чад не забележале.

brza_pomos_slika

Претходно, МВР соопшти дека Приватен комерцијален авион кој полетал од Италијанскиот град Тревизо, попладнево околу 17 часот и 40 минути исчезнал од радарите на контролата за летови на скопскиот аеродром “Александар Велики”. Во леталото имало 6 лица

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини