(ФОТО) Нина Агдал и Леонардо ди Каприо заборавија на холивудскиот сјај

од Vladimir Zorba

Леонардо ди Каприо и моделот Нина Агдал беа фатени од фотографи да се шетаат во четвртокот низ улиците на Њујорк.fa0a75d7f83f105f3d5ddfa2b8aca7a4

Ѕвездената двојка беше далеку од сјајот со кој сме навикнати да ги поврзуваме, пишува Daily Mail.

Ди Каприо беше облечен со светлосина блуза и темносина јакна, а главата ја сокрил со сива шапка и очила.

24-годишната Нина Агдал пак е со сив дуксер и сиви хеланки со розови цвеќиња надолу.

Едвај некој би ја препознал во неа убавицата од фотографиите на Instagram и која ги освои симпатиите на своите следбеници таму.

Ди Каприо често менува убави девојки, но веќе неколку месеци ѕвездата од “Титаник” излегува само со данскиот модел.

Двајцата се заедно официјално од мај оваа година. Освен што се шета, Лео сака да излегува со пријателките и со велосипед.

На крајот на месец август, тој се најде во мала сообраќајна незгода додека го возеше својот Range Rover. До него во неговиот автомобил беше токму Агдал.

Слични содржини