Синоќа  на отварањето на интернационалниот фестивал Охридско лето  Саше Политико останал без снимките од прашањата кои им ги поставил на министерот за финансии Зоран Ставревски и екс министерката Гордана Јанкуловска. Екс министерката според сведочењето на Саше му се скрила да не и се приближи и успеал само да и довикне, „Гоцо поздрав од Мактел“.

sase-stavreski-360x540

Меѓу гостите од власта делегацијата ја предводел претседателот Иванов. Меѓу нив бил и министерот Ставревски кому Политико успеал да му п остави прашање до каде е со уредувањето на станот кој се спомнува во аудио снимките објавени од опозицијата.

Обезбедувањето на Ставревски молскавично реагирало и му го одзеле мобилниот со кој снимал и му ги избришале снимките и од Јанкуловска и од Ставревски.
На бурното противење на Саше на одземањето на мобилниот, како што вели тој, реагирал министерот Ставрески.
– Ставревски се врати и културно ми шепна на уво да не сум правел проблеми и дека по завршување на концертот дека ќе ми даде интервју – вели Политико за Либертас.

sase-stavreski-1-360x540

Вечерва сепак успеал да го праша претседателот Иванов на крајот од концертот до к0га ќе молчел за сите злодела што ги прави Груевски и, како што ни рече, не добил одговор.
Прашање му поставил и на собранискиот спикер, но и од него останал без одговор. Видеата со прашањата за Иванов и Вељановски успеал да ги зачува и најавува дека многу брзо ќе ги објави.

Вечерашниов е втор обид на Политико овој ден да добие одговор од политичари од власта, на прашања за кои тој смета дека се актуелни и вистински, а не нарачани прашања, како што правеле новинарите од провладините медиуми.
Напладне во Скопје тој проба но не доби одговор од премиерот Груевски до каде била изградбата на неговиот дворец на Водно и кога ке го  промовира.

Провладините медиуми по овој инцидент жестоко го нападнаа со обвинување дека бил платеник на СДСМ и вршел нивни задачи.

Либертас

Слични содржини