20282golema

Не ги криеја солзите и тагата кога дојдоа во Младинскиот парк каде застанаа во знак на револт за прерано згаснатиот живот на малата Тамара. Не се страмеа да плачат додека ги слушаа тескобните зборови и болни воздишки кои излегуваа од душата на мајката Жаклина Димовска. Никој не остана рамнодушен кога жената кажа дека со граѓанските донации од лекувањето на Тамара морале да ја погребаат. Како душата боли по изгубеното чедо покажаа денеска во Велес десетици мајки, татковци, баби, дедовци, сестри, чичковци и тетки-пишува ДУМА
Сите со едноминутно молчење и оддадоа почит на малата Тамара, порачаа дека детскиот живот нема цена и со црвените картони во рацете побараа оставки од министерот за здравство, Никола Тодоров, од заменик министерот Јовица Андонов, од директорката на на Фондот за здравство Маја Прнаџиева Змејковска и вториот директор Џемали Мехази, од Аспазија Софијанова заменичката претседателка на лекарската комисија чиј потпис стои на решението со кое се одбива барањето за операцијата на Тамара во странство. И сите кои денеска дојдоа во Младинскиот парк молчеа, плачеа и во исто време порачаа:

„Дајте оставки.Морално е да ве снема од системот што монструмски сте го креирале ! …

Повеќе ТУКА

Фото:НОВА

Слични содржини