Едмонд Темелко, актуелниот градоначалник на општина Пустец, единствената на етничките Македонци во Република Албанија, се врати во Пустец.

temelko-Mondi1Рано утринава тој беше ослободен по вчерашното приведување од македонската полиција во Ресен, откако Основниот суд Скопје 1 го одби барањето за притвор од Специјалното јавно обвинителство. За градоначалникот Темелко е одредена мерка да се јавува еднаш неделно во судот во Ресен, каде што живее со семејството.

Темелко вчера попладне и во текот на ноќта беше на распит во судот откако СЈО поднесе обвиненија за изборни измами.

СЈО поднесе барања за притвор на осум лица од предметот „Титаник“, а при отворањето на истрагата, за Темелко беше побарано лишување од слобода поради постоење опасност од бегство.

Враќањето на Темелко во Пустец, беше обзнането со објавување на фотографии на социјалните мрежи, на кои се гледа во друштво со Васил Стерјовски, советник во општина Пустец и генерален секретар на Македонската алијанса за европско интегрирање – партијата чиј претседател е Темелко, како и со други активисти на партијата.

Мета