(ФОТО) Открија детали за V12 моторот на “ламјата” на Путин

од desk3

Централниот истражувачки патен и автомоторен институт (Нами) е главната ѕвезда за време на тековниот салон во Москва. Вчера го покажавме автомобил “Шатл”, а сега е ред на V12 моторот, кој ќе се вградува во претседателската лимузина за Путин.

655-402-kortezh

Моторот генерира 856 КС (630 kW) и со максимален вртежен момент од 1470 Nm, но вграден во возилото, тој ќе биде ограничен до 1000 Nm, за да може преносот да се справи беспрекорно со него.

Лимузината е исто така изложена заедно до V12 моторот. Автоматскиот менувач носи ознаката R932 и е со 9 брзини. Плочата до неа означува дека преносот е наменета за сите модели од проектот “моторизирана придружба”, имено премиум лимузини, теренци и комбиња со еден или два погонски мостови.

Должината на моторот е 935 мм, широк е 813 мм и е висок 860 мм. Празната тежина е 310 кг. Тој е со директно вбризгување на горивото и четири турбини.

655-402-kortezh (1)

Проектот “моторизираната придружба” е во вредност од околу 100 милиони евра. Во 2017 година треба да има подготвени 200 примероци од возилото, но во 2020 година производството треба да се интензивира и од секој тип каросерија да бидат произведени околу 4000-5000 примероци.

Лимузината ќе дебитира пред публиката во мај 2018 година, кога ќе се одржи инаугурацијата на новиот претседател на Русија.

Слични содржини