(ФОТО) Памела Андерсон ги урна клишеата во Кан

од Vladimir Zorba

49-годишниот вечен секс симбол Памела Андерсон ги изненади своите фанови со сосема лесната шминка, која ја беше ставила за на црвениот тепих на фестивалот во Кан.

Новинарите и коментаторите останаа изненадени од визијата на русокосата. Многу од нив ја опишаа како непрепознатлива.

49-годишната актерка која е исто така еден од најпопуларните модели на “Плејбој”, овој викенд беше специјален гостин на филмскиот фестивал во францускиот туристички град.

На црвениот тепих актерката помина со долг црн фустан, косата во стил “мокар ефект” и сосема лесна шминка – нешто нетипично за ѕвездите на црвениот тепих. Таа не пропушти да пофлертува со фановите, објавија светските агенции.

Сепак ако треба да гласаме за стилот на Памела со “за” или “против”, тоа сигурно ќе влезе во негативната листа.

Слични содржини