shtip

Речиси во исто време во центарот на Штип тргнаа две протесни групи. Првата од пред зградата на Основниот суд која со извиците „Оставка“, „Нема правда нема мир“, „Затвор за криминалците“ преку Трговскиот центар се упати кон општинската зграда.

shtip-2

Попатно им се придружуваа минувачи, со што се зголемуваше бројот на демонстранти. Тие бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов и сметаат дека со одлуката за аболиција Македонија би се претворила во анархија. Граѓаните јавно прашаа: Дали судовите во оваа земја се само за обичните граѓани?

Во еден момент поворката одлучи да ја промени маршутата на движење, меѓутоа, полицијата ги спречи, бидејќи една улица подолу се движеше другата група на демонстранти организирани од ГДОМ.

Оваа група иако најави дека протестот ќе го започне во 19 часот, тргна во исто време како и демонстрантите на „Протестирам“.

Групата се собираше од пред Домот на културата и како што најави по маршот во центарот на градот, ќе се врати повторно пред Домот.

Пред почетокот на протестот граѓаните изјавија дека се револтирани од одлуката на претседателот Иванов за аболиција. Двете групи засега успеаја да избегнат поблиски средби./извор Мета

Слични содржини