ФОТО: Приземјен пилотот кој го шокира целиот свет со вулгарен цртеж на небото

од desk2

Морнарицата на САД започна истрага за “непристојната ” слика нацртана на небото со помош на повеќемилионски воен авион.

Неименувани претставници на морнарицата велат дека пилотот може да се соочи со дисциплинска казна поради сликата на небото што ја создал со кондензацискот чад од неговиот авион ЕА-18Г.

Официјални претставници на морнарицата изјавија дека пилотот “оставил воздушна патека слична на непристојна слика во градот Оканоган, Вашингтон.

“Акциите на оваа авионска екипа беа целосно неприфатливи и спротивни на основните вредности на морнарицата”, рече портпаролот на поморскатите воиздушни сили , генерал Лесли Хабел . ,,Морнарицата се извини за ова неодговорно и незрело дело” , дополни генералот/

Сите кои го видоа делото на пилотот биле шокирани или се забавувале , особено откако беа објавени фотографиите на социјалните мрежи . Коментари и видеа беа споделувани од целиот свет .

Слични содржини