Неколку десетици граѓани, поголемиот дел од нив припадници на турската заедница во Македонија, се собраа на мирен протест пред Владата затоа што, како што рекоа, се згрозени од изјавата на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, кој во интервјуто со лидерот на опозицијата, Зоран Заев, му рече „лажеш како Турчин“.

protest-Turci-Vlada2-860x680

На протестот тие рекоа дека ова е навреда за Турците од целиот свет.

(НОВА) Демонстранти пред Сител: „Излези началниче да видиме кој лаже“

 

protest-Turci-Vlada

– Вчерашната изјава на Латас е навредлива не само за Турците во Mакедонија, туку и за Турците во целиот свет. Протестите ќе продолжат и ќе бидат помасовни. Сите граѓани што се чувствуваа навредени од изјавата, ќе може да поднесат тужба против уредникот на „Сител“ – рече Ипо Сејфула, претседател на месната заедница од Долно Количани.

protest-Turci-Vlada1

Тој рече дека изјавата на Латас не е само навреда за Турците, туку е навреда и за сите новинари, на кои им порача дека Латас не треба да биде дел од нивниот круг.

protest-Turci-Vlada-2

 

Слични содржини