(ФОТО) Ријана и фаталното црвено на премиера на филм

од Vladimir Zorba

Ријана секогаш сакала изненадувачки и смели визии за црвениот тепих, а најчестиот нејзин избор на дизајнер и модна куќа е Giambattista Valli.

Уште еднаш пејачката покажа љубов кон големите нешта и се појави на премиерата на филмот на Лук Бесон “Валеријан и градот на илјадниците планети” во сексапилен и многу дрзок фустан.

Црвениот модел е дело на колекцијата висока мода на Giambattista Valli за есен-зима 2017, а Ријана одвај ги задржува градите во деколтето.

Ниските рамена откриваат многу од деколтето на убавицата, а кројот од половината на фустанот доаѓа до такви димензии, што многу од фановите се прашуваат колку точно ткаенина е искористена за оваа тоалета.

Со обемот и со акцент на деколтето, фустанот ги прикова сите погледи на настанот на Ријана.

 

Слични содржини