Кристијано Роналдо ја повика нова девојка Георгина Родригез на церемонијата на доделувањето за фудбалер на годината на FIFA.

Тоа беше првата официјална, јавна појава на двојката со која очигледно Португалецот сакаше да покаже дека намерите кон шармантната бринета се сериозни.

Напаѓачот на “Реал Мадрид” го прибра престижниот трофеј по втор пат на предметниот настан кој се одржа во Цирих, вчера вечерта.

Водителка на церемонијата беше холивудската ѕвезда Ева Лонгорија, која исто така се појави во полн сјај.

Во друштво на Роналдо и Шпанката Георгина беше и синот на фудбалерот – Кристијано Џуниор, кој носеше син костум како татка си.

Ева позираше со некои од топ фудбалерите во светот како Роналдо, Серхио Рамос, Дани Алвеш, Мануел Ноер, Тони Корс, Лука Модриќ; Фото: Reuters

Роналдо и Георгина за прв пат беа фатени од папараците пред околу два месеци да се шетаат во “Дизниленд” во Париз, но оттогаш се речиси неразделни.

Фото: Reuters

Ева разменуваше закачки со Марадона; Фото: Reuters