Почетна / Сцена / (ФОТО) Саманта од „Сексот и градот“ ја инспирира Меланија Трамп

(ФОТО) Саманта од „Сексот и градот“ ја инспирира Меланија Трамп

Откако Доналд Трамп стана 45-от претседател на САД, сите погледи се вперени во третата сопруга и првата дама – Меланија.
Сигурно таа, како поранешен модел, воопшто не е рамнодушна кон модата и држи до својот стил.

Повеќепати беше споредуван со Џеки Кенеди, како и со хероината на Клер Андервуд од серијата “Куќа од карти” (во улогата е Робин Рајт), но неодамна модните критичари заклучија дека  сопругата на претседателот не е рамнодушна и на стилот на Саманта Џонс од култната телевизиска серија “Сексот и градот”.

Мелани, како Саманта, сака да ја нагласува својата женственост и сексуалност, но истовремено со тоа секој нивен костум покажува дека тие се моќните жени кои по потреба можат да ја покажат својата сила” , коментираат критичарите за списанието Elle.

Кога се зборува за “Сексот и градот”, првата асоцијација е со хероината на Сара Џесика Паркер – Кери Бредшо, и нејзините шарени и весели алишта, но не треба да пропуштиме дека и Саманта има своевиден стил кој исто толку е  шармантен и секси.