(ФОТО) Селфи на Гага ги исплаши нејзините фанови

од Vladimir Zorba

Лејди Гага објави своја слика без шминка во Инстаграм и предизвика доста дискусии меѓу нејзините фанови. Во моментов 31-годишната пејачка се снима во мјузиклот “А Star is Born”. Гага поминува огромен дел од времето во работа и се чини дека заборавила да се одмора.

Пејачката објави своја слика без шминка во Инстаграм, на која ненаспаноста е испишана на лицето во форма на големи сенки под очите.

Фановите коментираа: “Изгледаш одлично, но сигурна ли си дека си добро?”

“Душо, изгледаш добро, но малку изморена. Имаш потреба од одмор.”

Гага и Бредли Купер се водечките ѕвезди во мјузиклот.

Слични содржини