(ФОТО) Шарли Ебдо повторно провицира: Се потсмева со Макрон и неговата сопруга Бриџит

од Vladimir Zorba

Уметниците од францускиот сатиричен весник “Шарл Ебдо” се пошегуваа со кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон и неговата сопруга Бриџит. Карикатурата се појави на сајтот на весникот, пишува РИА “Новости”.

На врвот на цртежот пишува “Макрон – фаворит. Дожд од гласови во негова поддршка “. На преден план е прикажана сопругата на кандидатот за претседател, а во позадина е прикажан самиот тој.
“Облечи својот K-Way (непропустливи кул), п… мое”, му се обраќа Бриџит кон партнерот.

Бриџит Троно-Макрон е 24 години постара од својот сопруг и му предавала француски јазик.

Двојката нема заеднички деца, но Емануел многу ги сака децата на Бриџит од нејзиниот претходен брак и ги посвои. Во неделата во Франција се одржа првиот круг од претседателските избори. За функцијата претендираа 11 кандидати.

Според конечните податоци на Министерството за внатрешни работи, за поранешниот министер за економија и лидер на движењето “Напред” гласале 24,01%, а за лидерот на “Национален фронт” Марин Ле Пен – 21,3%. Кандидатот на партија “Република” и поранешен премиер на земјата Франсоа Фијон ја загуби претседателската трка со 20,1%.

Слични содржини