ФОТО: Шарли Ебдо шокираше со новата насловна страница на сопругата на францускиот претседател

од desk3

 

Францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо, кој беше цел  на крвавите напади на исламистите во  2015 година за навреда на исламот, денес повторно  ги  разбранува страстите на јавноста.

Шарли Ебдо овој пат објави карикатура на новиот претседател на Франција Емануел Maкрон и неговата сопруга Брижит.  Весникот   објавува дека “Maкрон прави чуда” и дека тој за “Шарли Ебдо открива што  се може да направи во  петгодишниот мандат како претседател.”

Со тоа, сатиричниот весник алудира на фактот дека сопругата на Макрон е 24 години постара од него  – тој има 39, а таа 63 години.

Во дел од коментарите  на социјалните мрежи  има  пофалби за карикатурата,  во другиот дел беа застапени големи критики.

“Па што ако таа е постара ?”, Пишува во еден коментар.

“Тоа не е обичен сексизмам, Шарли Ебдо навистина падна на многу ниско ниво”,  пишува во друг.

Слични содржини