(ФОТО) Силна порака кон човештвото: Венеција тоне!

од Vladimir Zorba

Глобалното затоплување е бомба која навистина треба да се смири пред да експлодира. За да се подигне свеста за овој сериозен проблем, италијанскиот сликар Лоренцо Квин изградил монументална скулптура по повод архитектонското биенале во Венеција во 2017 година.

Квин е познат по вклучувањето на елементи од различни делови на човечкото тело во своите скулптури и овој негов проект не прави исклучок. Тој прикажува две масивни раце кои се подаваат од каналот во Венеција, за да го поддржат хотелот Ca ‘Sagredo. Проектот е визуелна порака кон луѓето, кој ја изразува потребата да се обрне посериозно внимание на глобалното затоплување, пред да стане доцна.

“Венеција е пловечки град на уметноста, кој е инспиративен за културите со векови”, изјави Лоренцо Квин пред галеријата Halcyon. “Но, за да продолжи да го прави тоа, тој има потреба од поддршката на нашата и идните генерации, бидејќи е загрозен од промените во климата”.

Тој ги одразува двете страни на човекот – креативната и разурнувачката – Квин обрнува внимание на нашата способност да направиме промена и да го изедначиме повторно светот околу нас.

Скулптурата провоцира надеж во обидот да ја задржи зградата над водата, но исто така и страв, нагласувајќи ја деликатноста. Ова е моќна изјава со исклучително влијајателни перформанси.

“Сакав да го создадам она што се смета за најтешкиот и технички најпредизвикувачкиот дел од човечкото тело”, вели уметник. “Раката поседува толку многу сила – силата на љубовта, да мразиш, да создаваш, да уништиш”.

Повеќе слики на ефектната скулптура може да се видат во нашата галерија.

Слични содржини