(ФОТО) Страшна слика: Ураганот Ирма на Карипското Море, тропската бура Хозе (десно) на Атлантикот и тропската бура Катја во Мексиканскиот залив

од Vladimir Zorba

Истражувачите на ураганите никогаш ја немаат видено оваа слика, посочува списанието Quartz . Сликата е на НАСА и Националната агенција за океански и атмосферски истражувања (National Oceanic and Atmospheric Administration или NOAA) на која се прикажаниа три огромни природни стихии во еден кадар, кои беснеат во близина една до друга на земјината површина.
Тоа се ураганот Ирма во Карипско Море, тропската бура Хозе (десно) на Атлантикот и тропската бура Катја во Мексиканскиот залив.

Сликата е направена од сателит на 8-ми септември. За прв пат во модерната историја три големи бури во Атлантикот се наредени на опасен начин и истовременои се закануваат, посочи на Twitter порака Ерик Блејк од Националниот центар за урагани на САД.

Научниците забележуваат дека климатските промени ги прават ураганите се помоќни и тоа се случува подолго време. Ураганите се природни феномени кои имаат потреба од енергија од топлиот, влажен воздух низ тропските океани за да ја одржат својата сила.

Ураган преминува во тропска бура кога ветровите кои доаѓаат од различни правци и потоа се спојуваат. Топол воздух се крева околу центарот на бурата и се лади, а влагата се кондензира за да формират облаци и дожд. Кондензација ја издава латентна топлина која ги храни ураганите.

Ако слојот на топла вода не е длабок најмалку 60 метри, тропската бура би стивнала пред да се здобие со силата на ураган. Потоплите температури на нашата планета значат дека воздухот може да држи повеќе влага, па урагани произведуваат повеќе дожд, создавајќи повеќе поплави и катаклизми за луѓето. Покрај тоа, зголемувањето на нивото на морето доведува до се повеќе и повеќе поплави по бурите.

Слични содржини