(ФОТО) Трамп направи агресивни промени: Овалната соба, кабинетот за работа осамна во златна боја

од Vladimir Zorba

Доналд Трам веднаш агресивно почна со промени. Овалната соба, работната просторија на претседателот на САД осамна во омилената златна боја. Трам е вљубеник во златната боја, затоа само неколку часа откако стапна во Кабинетот сета Овална соба ја претвори во царска декаденција. Прво промените се направени од подот, па се до таванот, забележаа претставниците на седмата сила – новинарите кои беа повикани официјално за прв пат да го овековечат, фотографираат Трамп како потпишува документи во првите часови откако стапи на должност.

Од Кабинетот (Овалната соба) исчезна големиот кружен ќилим, кој доминираше во просторијата во времето на Барак Обама, а беше одбележан со цитати од изјава од екс претседателот. Тој, е заменет е со килим во златна боја, како што всушност имаше Џорџ Буш.

Црвените завеси исто така ги нема, а тие се заменети со нови во препознатлива златна боја. Во собата нема и дел од  мебелот, кој  е заменет со други парчиња, а Трамп ја има задржано само работната маса која ја користеле сите претседатели.

Слични содржини