(ФОТО) Трамп и папата Франциск разменија подароци, Меланија со шамија

од Vladimir Zorba

Претседателот на САД, Доналд Трамп и папата Франциск разменија подароци, по средбата во Ватикан.Тие утрово зборуваа околу половина час, пренесува АП.

Папата Френсис му ги предаде на претседателот на САД, три од неговите главни учења, кои речиси секогаш и ги дава на шефовите на држави кои го посетуваат.

Некои од главните теми содржани во овие учења силно се спротивставуваат на политика и ветувањата што Трамп ги дадени за време на изборната кампања, особено во областа на заштитата на животната средина и нееднаквоста во приходите.

Трамп на папата како подарок му донесе книга од Мартин Лутер Кинг и му рече дека тој се надева дека ќе ужива во неа.

Тој и папата се состанаа во апостолската палата во Ватикан и како пренесуваат агенцииите, тие се ракувале при што американскиот претседател рекој дека му е “голема чест” да биде во Ватикан.

Тие потоа позираа за фотографите. Средба на Трамп и папата се одржа зад затворени врати.

Американскиот претседател пристигна со неговата сопруга Меланија, која во оваа прилика, за разлика од посетата на Саудиска Арабија, носеше шамија, што е во согласност со Ватиканскиот протокол.

Тој допатува во Италија по посетата на Израел.

Ројтерс наведува дека Трамп и папата не ги делат истите ставови за прашањето на миграцијата, климатските промени и исламот.

Британската агенција потсетува дека Трамп пред четири години го критикуваше папата, неколку дена откако тој беше избран за поглавар на Римокатоличката црква.

Слични содржини