(ФОТО) Трамп назначи секси бринета за амбасадор на САД во ОН

од desk3

Доналд Трамп ја избра Ники Хејли за амбасадор на САД во ОН. Тоа го соопштија извори од NBC News, Politico и Washington Post. Гувернерот на Јужна Каролина го прифатил предлогот на магнатот.

1476640520-2016-10-16t004107z-570087959-s1beuhfbrnaa-rtrmadp-3-usa-election-trump-india
44-годишната Хејли е веќе два мандати гувернер на државата. Првично таа го поддржа сенаторот Марко Рубио и потоа сенатор Тед Круз, кои беа ривали на Доналд Трамп за време на предизборната кампања во Републиканската партија.
Таа е ќерка на имигранти од Индија. Има мало искуство во надворешната политика. Хејли ќе биде сослушана во Сенатот, кој треба да одлучи дали биде назначена на функцијата.

1479908929-768x432

Хејли е првата жена во историјата на државата, која е предложена за оваа позицијат и вториот азиско-американски гувернер.

Ако Сенатот го потврди назначувањето, таа ќе ја замени Саманта Пауер, која беше назначена за амбасадор на САД во ОН во 2013 година од Барак Обама.

Во исто време стана јасно дека поранешниот кандидат на републиканците за претседател на САД Бен Карсон пак е предложен за секретар на одделот за домување и урбан јавни работи.

Слични содржини