(ФОТО/Видео) Убиен грчкиот шеф на мафијата – изрешетан со 22 куршума! 

од desk4

Демонстративно јавно убиство на познато лице од ноќниот живот на Грција ја стави на голема мака грчката полиција, пишуваат локалните медиуми.

Според нив доцна синоќа на булевар Атинон во населбата Хајдари, каде што се наоѓаат канцелариите на неговата компанија која ја држи со својот брат, двајца мажи со мотор, го пресретнале автомобилот во кој се наоѓал Василис Стефанакос. Во него пукале од калашников, а потоа убијците избегале. Тој е изрешетан со 22 куршуми.

Василис Стефанакос излезе од затвор пред година и пол, каде лежел 9 години. Тој ги искористил поволните одредби на законот Параскевопуло. Областа поа убиство била влокирана, а полициски патроли го истражувале теренот. Василис Стефанакос, не е случајно име во грчкото подземје, особено во последните две децении, кога се појавија нови лидери од претходните цивилни мафијашки војни. Голем број полицајци го сметаат за шеф на третата генерација на грчката мафија.

Тој во полицијата имал 44 налози за апсење за уцени и други злосторства, издадени во текот на летото на 2006 година. Во јануари 2007 година тој се обидел со помош на двајца полициски службеници да издаде нова лична карта со латински букви од Одделот за безбедност во Санкт Петербург. Тој е уапсен во јануари 2008 година во близина на неговиот дом во населбата Хајдари и е осуден на 21 година и три месеци затвор за убиството, за кое се тврди дека е извршено на 26 август 2006 година од Алкет Риза во кафуле во регион Перистери како и за бегството од затворот Коридало на Ризаа и Палајокоста како морален поттикнувач. Тој во декември 2006 година е осуден на 14,5 години затвор за заштита и шверц.

Во 2016 година осудениот за тешки злосторства Василис Стефанакос го претепал во затвор поранешниот грчки министер 77-годишниот Цохазопулос, кој отслужува затворска казна за затајување данок и поткуп при воени испораки. Законот Параскевопуло беше објавен во Службен весник на 27 април 2015 година и до 14 декември 2015 година – според официјалните податоци на владата на Ципрас ослободени се од затвор околу 1800 лица.

Затворениците беа ослободени врз основа на еден од трите закони кои делуваат во комбинација, и се однесуваат на луѓе со ниски казни (од 3 до 5 години), со висок процент инвалидност, одлежана 3/5 од казната, малолетници или странски државјани.

 

Слични содржини