(ФОТО/ВИДЕО) Наследникот на “Сатана”: Ја покажаа за прв пат руската балистичка ракета од 5-тата генерација “Сармат”

од desk3

Државниот ракетен центар “Макеев” ја обелодени првата слика на најновата руска балистичка ракета од 5-тата генерација РС-28 “Сармат”, која треба да ја замени ракетата Р-36 М2 “Воевода”, да го обнови и зајакне нуклеарниот штит на земјата, пренесува “Рускаја Весна”. Русија ја покажа најголемата креирана некогаш нуклеарна ракета која е доволно моќна да уништи држава со големина на Франција со еден удар, пренесува британскиот “Мирор”. “Ракетните комплекси со стратешка намена” Сармат” се создаени со цел гарантирано и ефикасно извршување на задачите за нуклеарното воздржување спроведени од стратешките сили на Русија “, објаснуваат од ракетниот центар” Макеев “.

Моторот на “Сармат” ги помина тестирањата во август годинава, а тестовите ќе се одржат во јануари 2017. Моќноста на најновата руска ракета и овозможува да лета преку двата пола, “напаѓајќи од неочекувана земја”, раскажа заменикот на министерот за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.

Наводно, одбранбеноѕто претпријатие во гр. Миас, Челјабинска област, добило налог од владата за развој на ракетата “Сармат”, која треба да биде усвоена како оружје во крајот на 2018 година

Според податоците на воените експерти новата ракета ќе може да испорачува боева глава со тежина од 10 до 15 тони до секоја точка на земјината топка, како во Северниот, така и во Јужниот Пол.

Комплексот од 5-тата генерација “Сармат” се разликува од 4-тата генерација тешки балистички проектили (Р-36 “Воевода” | Satana) со масовни средства за заштита од противракетната одбрана на НАТО, благодарение на специјални шахти, над кои има распоредени локални систем за ПВО, вкл. комплекси С-500 и траекторијата на летот.

Покрај тоа, “Сармат” располага со прецизни хиперзвучни боеви глави Ју-71, кои овозможуваат за првпат во локални војни да се користи стратегијата на “глобалниот удар” со уништување на стратешки објекти на противникот преку кинетичката енергија на конвенционална борбена грава без употреба на нуклеарен експлозив.

“Сармат” е комплекс, кој е базиран на шахти. Засега во Ориенбургска област и во Краснојарскиот крај.

Комплексот врши минофрлачка функција и барутен акумулатор кој ја исфрла под притисок ракетата на 20-30 метри височина над шахтата, по што автоматски се вклучува моторот .

https://youtu.be/WAx3LR2pwrg

Новата ракета е на две нивоа. Моторите на течно гориво се потопени во резервоарот. Западни експерти укажуваат дека се подготвени две варијанти на ракетата – за уништување на објекти на територијата на САД со почетна тежина 150-200 тони, далечина на летот 16 000 км и носивост 10 т. За цели во Западна Европа ќе се користи втората опција со почетна тежина 100-120 тони дострел – 9000 километри и носивост од 5 тони.

Се претпоставува уште дека 1 ракета носи 10-15 боеви глави со моќност 750 килотони секоја. “Сармат” има уникатни можности за надминување ПРО на противникот, преку орбитален напад на Северниот и во јужниот пол. Се смета дека тоа ќе и отежни исклучително многу наамериканската ПРО која е предвидена за уништување на балистички ракети, истрелани по евроазиски територии. Односно Вашингтон ќе треба итно да да гради не фрагментарн, туку скап “кружен систем за ПРО”.

Слични содржини