(ФОТО+ВИДЕО) Шакира очекува трето дете?

од Vladimir Zorba

Ќе имаат ли Шакира и Пике повторно дете е прашањето што си го поставуваат фановите на пејачката, откако се појави видеото кон нејзиниот последен сингл “Me Enamore” ( “Се заљубив”). Песната е посветена на нејзиниот дечко Жерар Пике, со кого веќе се родители на две момчиња. Но, дали колумбиската ѕвезда и фудбалерот не кријат уште среќна вест, бидејќи видеото издава дека пејачката ставила некој килограм, освен тоа сите кадри се снимени така да стомачето не ѝ се гледа …

Новата нејзина песна е свежа и полетна, а клипот – романтичен и весел. Во него среќната Шакира флертува со “мистериозен” маж на кого му ја гледаме само раката. На крајот станува јасно дека тоа е самиот Пике.

Слични содржини