(ФОТО/ВИДЕО) Црнците “дигнаа глава” ! Протестите во Шарлот продолжуваат

од desk3

Протестите во Шарлот, Северна Каролина, продолжуваат. Ноќеска околу 300 демонстранти излегоа на улиците, барајќи властите да ги објавуваат снимките од фаталното полициска пукање против црнецотКит Скот, пренесе Ројтерс.

Протестот беше чувано од националната гарда. Маршот се одржа под наслов “покажете отпор на полицијата”.

Во меѓувреме, на интернет се појави видео клип снимен од сопругата на Кит Скот, што укажува на фаталниот судир со униформираните. Во клипот се слуша пукањето, а непосредно пред тоа сопругата на Скот ги моли полицајците да не стрелаат и ги уверува дека тој не е вооружен.

Демонстрациите ги променија плановите на кандидатот за претседател на демократите Хилари Клинтон. Таа требаше да го посети Шарлот утре, но посетата е одложена за следната недела.

Слични содржини