Граѓанското движење „Протестирам“ вечерва од 16 часот ги одржа вторите протести во центарот на Прилеп. Протестантите се собраа на плоштадот „Александрија од каде беа упатени истите барања, меѓу кои да се одложат изборите од 5 јуни, во разрешувањето на кризата да се вклучат претставници на граѓанското општество и во меѓувреме да се формира преодна влада.

Screenshot_23

– Последното барање е преговорите за разрешување на кризата да се одвиваат, овде во Македонија, а не во странство, нагласи Јане Ѓорѓиоски од движењето „Протестирам“, потсетувајќи дека протестите ќе се одржуваат се до исполнувањето на барањата.

Протестантите по булеварот „Гоце Делчев“ се упатија пред зградата на Основниот суд „Прилеп“ и потоа се вратија во центарот на градот скандирајќи „Нема правда нема мир“.

12993399_1777128315843975_6034788930741533972_n

12993523_1777127102510763_5712056905807246432_n

12993558_1777127212510752_2216158389341527991_n

 

13012798_1777127009177439_54573636626105116_n

13015113_1777127565844050_4378286408837431656_n

13015433_1777127572510716_9084104892209868355_n

13043760_1777127645844042_1489220070905621809_n

Слични содржини