(ФОТОГРАФИИ 18+) Милиони Индијци ги фрлаат труповите на своите блиски во светата река Ганг – трпението на властите се исцрпи …

од Vladimir Zorba

Жителите на Индија од дамнешни времиња ја сметаат реката Ганг за света. Според легендата, првично реката била небесна, но потоа се спуштила на земјата по барање на цар Бхарати, за да ја очисти прашината на неговите предци. Богот Шива ги чул молбите, а поради можниот тек за да не ги однесе луѓето тој ја поставил својата глава, и реката потекла по долгите некови коси …
Во текот на многу векови Индијците вршат многодневни поклонија околу и во реката Ганг. Тие веруваат дека водите на реката ќе ги очистат нивните души од гревовите. Затоа на брегот на светата река ги кремираат телата, а потоа пепелта им ја распрскува над водата. Но, тоа се случува само во најдобар случај.

Во Индија живее голем број сиромашните кои немаат кај да ги кремираат телатае. Затоа тие продолжуваат да веруваат дека Ганг ги мие сите нивни гревови и едноставно ги фрлаат труповите на своите роднини во водата.

Покрај тоа, Ганг има и други проблеми со загадувањето. Во него се излеваат нечистотиите и одводни води од илегалните постапки. Сиромашните не се гнасат да го фрлаат во водата своето ѓубре, иако во истата река ги мијат своите чинии и облека.

Како резултат светата река се претворила во голема депонија.

Неколку пати властите во Индија преземаа обиди да го исчистат Ганг, но голем ефект од ова немаше. Дури на местата каде од реката беше извадено целото ѓубре, локалните жители само по една недела повторно создадоа депонии.

Сега сепак трпението на владата тотално се исцрпува. Врховниот суд во Индија пресуди дека ѓубре не може да се исфрла на помалку од 500 метри од Ганг. Прекршителите ќе платат казна во износ од 800 долари, без разлика дали во водите се исфрлени комунален отпад или труп на роднина.

Покрај тоа, властите инсистираат за отстранување на нелегалните депонии од брегот на реката.

Останува надежта дека жителите на Индија сепак ќе успеат да воведат ред околу реката. Сепак, таа е вистински украс на земјата. Особено Ганг е убав кај своите извори – на Хималаите.

Слични содржини