(ФОТОГРАФИИ) Уникатно: Згради кои се изградени од покривот кон темелите – од горе кон земјата

од Vladimir Zorba

Традиционално, станбени згради се градат од темели кон кровот. Но, постојат неколку згради во светот, кои се градени од покривот кон првиот кат. Во Мадрид постојат две кули близначни т.н. облакодери – Торес де Колон.

Тие се изградени во 1976 година на нетрадиционален начин. Прво во центарот на зградата бил поставен железно-бетонски столб, по што градителите почнале да го градат објектот од покривот кон земјата.

Инженерите ангажирани околу проектот, докажалеа при вака сличен начин на изградба се штеди време и пари. И всушност зградата Torres de Colon била направена за неколку месеци пред планираното време за пуштање во употреба, а трошоците намалени за неколку илјади долари помалку.

Исто така постои зграда изградена на сличен начин во соседството во Бугарија. Тоа е објектот на КНБС на булевар “Македонија”. Изграден е во 70-тите години на минатиот век.

На сличен начин е изградена и зградата на Централната банка на Ирска во Даблин, како и онаа на друга банка во Јоханесбург (ЈАР), три станбени згради во Полска и една во Санкт Петербург. Четирикатната зграда во тогашниот Ленинград била изградена во 1959 година. Поставувањето на ѕидовите т.н. панели било направено со помош на специјални дигалки. Станбената зграда била ставена во функција за рекорден краток рок. И покрај одличните резултати ваквиот начин на градење не бил повторен, бидејќи за сличен начин на градба се бара висока квалификувана работан сила, која во тој момент не можела да се пронајде.

Слични содржини