Фотографија од двојка која е во брак 47 години и кои два пати победиле карцином, стана пример за вистинска љубов.
Љубовта меѓу 70-годишниот Марвин Брунгтон и 67-годишната Ванда Брунгтон ја овековечи нивната ќерка Амбер Робинсон, која се занимава со фотографирање венчавки.
„Да бидам искрена, често по венчавките размислувам за деновите, неделите и годините што следат. Затоа со вас ја споделувам оваа фотографија која покажува како годините по венчавката изгледаат кога постои вистинска љубов. Ова се моите родители, во брак 47 години, два пати победија рак. Подигнаа две ќерки. Заедно биле и сиромашни и богати. Хранеа, штитеа и советуваа бројни изгубени души. Многу сум горда што ги нарекувам мама и тато. Тие се постојано потсетник дека венчавката е само еден ден, а бракот е вечен. Ако сте еден од милион заљубени или можеби едно од милиони скршени срца на кои им треба потсетник дека љубовта е вечна, сакам ова да го поделите за моите родители да знаат дека се инспирација за сите кои сакаат, веруваат или се заљубени“, напиша Робинсон.