Најмалку 150 лица загинаа, а 192 се повредени во терористичките напади во Париз, соопштува весникот Le Parisien. 79 од повредените се во критична состојба.

Image_5112553_126

8 терористи загинале, a 7 од нив – при самоубиствени напади. Осмиот е убиен од силите за безбедност при освојувањето на концертната сала “Батаклан”.

Терористичките акти се извршени истовремено на 6 места во Париз.

Стотици заложници се земени во познатата театарска сала Батаклан за време на концерт на метал групата Eagles of Death. Некои од нив успеале да избегаат. Тие раскажуваат дека внатре во салата напаѓачите тивко убистваle луѓе. Запирале само кога требало да полнат оружје. Најмалку 100 лица биле убиени при заложничката драма во Батаклан.

Убиени има на различни места во градот, вклучувајќи во Сен Дени, каде е сместен националниот стадион “Стад де Франс”. Нападнати се и ресторани во центарот на Париз – Le Carillon на улица Алибер 18 и Le Petit Cambodge – се наоѓа на истата улица. La Belle Equipe е друго место каде терористите пролеаја крв. Се наоѓа на улицата Шарон 92. Во бар крај стадионот “Стад де Франс” имало експлозија. Ресторан La Casa Nostra на улица Де ла фонтани ду Руа е шестото место каде е извршен атентат.

Image_5112555_128

 

Image_5112738_128

 

Image_5112581_128

 

Image_5112583_128

 

Image_5112554_128

Image_5112557_128
Image_5112559_128
Image_5112589_128

Слични содржини