France24: Со наближувањето на изборите Марин Ле Пен се враќа на своите корени

од Vladimir Zorba

Пет дена пред првиот круг од претседателските избори на 23 април (вториот круг ќе биде на 7 мај), анкети предвидуваат оспоруванa трка што тешко може да се прогнозира, Ле Пен повторно ja фокусира својата кампања врз миграцијата, пренесе France 24.

Тaа е позната територија за лидерот на “Националниот фронт” – партија која ja води кампања на антимигрантска платформа од 40 години.
Со месеци Ле Пен беше на високо место и изгледаше дека нејзината изборна кампања веќе планира втор изборен круг.

Но, набрзо се појавија нови грижи дека таа може да биде турната уште во првиот круг, па затоа нејзината екипа во моментов се обидува да добие поддршка од традиционалната изборна база на “Националниот фронт”.

Ле Пен направи миграцијата да е главна точка на својата пропаганта, што и се потврди на митинг во француската престолнина во понеделникот вечерта.

Обраќајќи им се на околу 5.000 следбеници во салата “Арена Зенит” североисточно од Париз, таа го стави акцентот на позициите, ветувајќи дека веднаш ќе наметне мораториум на законската миграција на граѓани од земји надвор од ЕУ. Ле Пен, која е и пратеник од Европскиот парламент, изјави дека мерката е потребна за да се запре “лудата” и “неконтролирана” миграција “која ја води Франција кон полошо”.

Слични содржини