Франција ќе продолжи да нанесува воздушни напади на терористичката група “Исламска држава” во Сирија. Ова го изјави премиерот на земјата Маноел Валс, цитиран од “Ројтерс”.

“Во следните денови ќе продолжиме да нанесуваме погоди во Сирија со цел да ја раниме ИД”, рече Валс пред канал TF1.Тој додаде дека француските власти се во состојба на војна со терористите и треба да се подготвени за повторни обиди за атентати.20151114.xikmlzgzpy

“Сакам да им кажам на Французите дека ние сме во состојба на војна, ние ќе дејствуваме, ќе нанесуваме удари по својот противник”, истакна тој.

Според него француските тајни служби не направиле грешка. На прашањето дали специјалните служби не успеаја, тој одговори негативно. “Нема да чуете од мене ниту еден збор кој може да ја  стави под сомнение работата на полицајците, жандармите, војниците, разузнавачите, кои често спречуваа терористички акти во последните месеци “, истакна францускиот премиер.

Според последните податоци 129 лица загинаа во серија напади во Париз, бројот на жртвите е 352 лица, а состојбата на 99 од нив е критична. Во Париз е воведена вонредна состојба. Џихадисти од” Исламска држава ” го потврдија своето учество во нападите.

Слични содржини