Францускиот премиер предупреди дека постои опасност од напад со биолошко оружје

Францускиот премиер Мануел Валц предупреди дека луѓе блиски до терористите кои го нападнаа минатата недела Париз, може да користат хемиско или биолошко оружје.

9df673b7fbe8ffad8b2237c7671393b1

Според него Франција се соочува со сериозна закана од соучесниците на напаѓачите, кои ги извршиле нападите.

“Ние сме во војна! Станува збор за една нова војна – надворешна и внатрешна, во која теророт е главна цел и главно оружје”, изјави уште Валц.

Тој ја даде изјавата пред Националното собрание, претставувајќи го предлогот на Владата за продолжување со три месеци на вонредната состојба во Франција, воведена по нападите, соопштија американските медиуми. Предлог ќе биде разгледуван од Сенатот утре.
Дојдено е време Франција да се вклучи во европскиот регистар на авионските патници, изјави премиерот.

WSJ: САД и нивните сојузници сакаат да го уништат партнерството меѓу Русија и Иран поради Сирија

Франција размислува создавањето на првата специјална служба, која ќе внимава на младите муслимани со радикални ставови. Младите ќе треба да минуваат тестови кои ќе укажуваат колку се подготвени да се реинтегрираат во општеството, информира Валц, цитиран од агенциите. Тој се заложи за строга контрола и врз сите кои се враќаат во Франција по борбени активности во рамките на “т.н. Џихад”.
Според францускиот премиер,а според податоците на тајните служби, за Сирија и Ирак заминале 966 француски државјани. 142-ца се убиени, 588 се уште се во овие земји, а 247 се вратиле.
По враќањето од различни “жешки точки” на Блискиот Исток или на друго место сите “граѓани на Франција и лица кои живеат во Франција”, треба да добија “официјална дозвола” за тоа, изјави Валц.

“Тоа е логично продолжување на мерките од 2012 година, кои забрануваат лица осомничени за екстремистички ставови, да ја напуштат територијата на Франција”, објасни тој.

Белгија предвидува затвор за поранешните во Сирија

Белгискиот премиер Шарл Мишел исто така најави итни контрамерки на тероризмот двојно зголемување на трошоците за безбедност.
Веќе нема да има анонимни при-пејд картички за мобилни телефони и ќе биде воведен регистар за патниците со авиони и тоа со голема брзина.

Неовластените локации за религиозна активност ќе бидат растурени.

Мерките за задржување под сомневање за терористички активности ќе траат 72 часа, а не по 24 часа, како досега. На луѓето, за кои има индиции дека претставуваат јавна закана, ќе бидат ставени електронски бразлетни за следење.

Освен тоа џихадисти, кои се вратиле од фронтот, да биде ставени во затвор. Ќе биде зголемена контролата на границите, догодина буџетот за борба против тероризмот ќе биде двојно зголемен на 400 милиони евра. За 520 лица се зголемува бројот на војската, кои ќе бидат распоредени по улиците за обезбедувањето на јавни објекти.

Европол. Заканата од нови напади останува сериозна

Од Европол предупредија во четвртокот дека нови терористички напади во Европа се веројатни и има многу сериозно зголемување на терористичката закана на континентот.

Директорот на Европол Роб Вајнрајт рече дека европската полициска служба располага со податоци дека 10 000 лица се осомничени како “странски борци” во Сирија и Ирак.

Од оваа бројка 2000 се потврдени странски борци. Европол располага со податоци за 5000 Европејци кои патувале до сирискиот фронт. Тие потекнуваат од пет држави од ЕУ. Канцеларијата има информации за 28 000 лица, вмешани во незаконска трговија со оружје.

Слични содржини