Франција: Доделувањето на мандатот е можност за излез од политичката криза

од Vladimir Zorba

Франција ја поздравува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи.

„Ова е важна можност за земјата да излезе од политичката криза. Се надеваме дека новата влада ќе биде наскоро формирана“, стои во соопштението.

Од француското МНР велат дека новата влада и институциите треба да се фокусираат на стабилизирање на ситуацијата и на враќање на Македонија на евроатлантскиот пат.

„Франција ги повикува сите политички сили застапени во Собранието да воспостават конструктивен дијалог во рамките на институциите за идните власти наскоро да почнат со спроведување на итните реформи неопходни за трајна стабилизација на земјата и за напредок на патот кон евроинтеграцијата“, се вели во соопштението.

Слични содржини