Франција и Германија бараат со помош на ОН да најде мировно решение за Сирија

од desk2

Франција и Германија ќе продолжат со напорите со посредство на Обединетите нации да се најде мировно решение за кризата во Сирија, изјави денеска францускиот претседател Франсоа Оланд, по телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел.

Изјавата доаѓа откако САД рано утринава, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија воздушен напад на Сириска воена воздухопловна база во Сирија користејќи кростосувачки ракети како одговор на хемискиот напад на цивили за кој го обвинија режимот на сирискиот претседател Башар ал Ассад.

– Асад има целосна одговорност за ваквиот развој на ситуацијата – стои во изјавата.

Слични содржини