Франција повторно цел на џихадистите

од Vladimir Zorba

 

Три лица беа убиени во град  во југозападна Франција , откако вооружен напаѓач украл автомобил, отвори оган врз полицајци и потоа зеде заложници во супермаркет извикувајќи “Алах акбар” ,  соопштија локалните медиуми, повикувајќи се на властите. Најмалку 12 други лица се повредени .

 

Подоцна, другите  заложници беа ослободени , а во операција на француските специјалисти кои го нападнаа супермаркет, напаѓачот беше ликвидиран . 

Францускиот премиер Едуард Филип изјави дека нападот се смета за терористички чин . Тој наведе дека најмалку еден полицаец е повреден.

siege: Shooting, hostages taken in south France, attacker pledges to ISIS https://on.rt.com/91pm 

Претходно, истиот напаѓач повредил  друг полицаец на друго место откако украл автомобил, убивајќи еден човек и повредувајќи друг .

Двајца заложници беа убиени, а тројца беа повредени, еден од нив сериозно.

Потоа бече покрената голема полициска операција во Тре, близу Тулуз  Според француската обвинителство мажот кој зел заложниците, тврдел дека е член на терористичката група ДАЕШ ( “Исламска држава”).

Властите открија дека мажот влегол во продавницата, викајќи ” Алах акбар, ќе ги убијам сите “.

Тој  инсистирал за ослободување на Салах Абдеслам кој е единствениот преживеан од 10-члената терористичка ќелија на ДАЕШ која изврши терористички напад во Париз во ноември 2015 година

Подоцна ДАЕШ презеде одговорност за нападот .

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб, откри дека напаѓачот бил 26-годишниот Редван Лекдим , познат на полицијата поради ситни злосторства и поседување дрога . Според зборовите на министерот, тој сам дејствувал  во нападот. Лекдим е од блискиот град Каркасон, од каде што го почнал нападот.

Француските власти го следеле но мислеле дека не е радикализиран  .

Франција е погодена од неколку џихадистички напади од крвопролевање од 2015 година наваму.. Вонредната ситуација што се воведе  по нападите во Париз во ноември 2015 година, во која беа убиени 130 лица, беше откажана дури во октомври.

Слични содржини