Кошаркарките на Франција се изборија за пласман во финалето на Европското првенство што се игра во Чешка. Нивни противнички во дуелот за златниот медал ќе им бидат кошаркарките на Шпанија.

 
Синоќа во второто полуфинале Франција ја совлада Грција со убедливи 77:55, додека во првото полуфинале Шпанија ја победи Белгија со 68:52.
Финалето се игра вечерва со почеток во 20:30 часот. Во дуелот за бронзениот медал ќе играат: Беглија и Грција, а претходно се натпреварите за пласман: Летонија – Турција (за 5. место) и Италија – Словачка (за 7. место).

Слични содржини