Франција: Разгледница стигна на адреса, 43 години откако била испратена

од desk2

Разгледница од Ница пратена на 21 мај 1974 година конечно стигна на нејзината дестинација, во градот Бретањ на 22 јули годинава, патувајќи 43 години.


Поштарот забележал што се случило, кога забележал дека името на картичката не одговара со името на адресата на која стигнал.

На разгледницата и требале 43 години да патува од Ница, 1.300 км до северот на Франција во Бретањ.

„Не забележав. Ја зедов со мене и дури кога стигнав на адресата забележав дека името не одговара со адресата“, вели поштарот.

Разгледницата била адресирана на Рејмонд Котард, на улица „Жил Легранд“, а на предната страна од картичката било шеталиштето во Ница.

На неа пишувало: „Драг Рејмонд, по неколку гужви во сообраќајот, конечно им се придруживме на Мари Луис и Рејмонд, во чија куќа ќе ручаме. Утре заминуваме од Ница за Менто, каде ќе останеме една недела“.

Проблемот е што Рејмонд Котард не може да се пронајде. ПОштарот се распрашал, но никој не се сеќава на него.

И во општината немаат податоци за него, а службеничката вели дека ако не го најде, ќе ја чува разгледницата како сувенир.

Но, никој не знае што се случило со неа, дали некој ја нашол падната зад нешто во поштата во Ница при некоја генералка, или некој ја нашол на улица па ја пратил…

Слични содржини