Независниот центрист Емануел Макрон ќе се соочи со екстремно десничарската Марин Ле Пен на вториот круг на 7 мај на претседателските избори во Франција.

39-годишниот Макрон кој досега никогаш не се беше појавувал на избори , објави пред своите приврзаници дека : ” Само за една година ние го променивме лицето на француската политика .”

Од своја страна Марин Ле Пен  ги повика “сите патриоти” да се приклучат на неа и да се “фокусираат на она што е од суштинско значење – опстанокот на Франција”.

BBC коментира дека Франција влегува во непознати политички води – и тоа не е затоа што Марин Ле Пен стигна до завршна фаза на претседателските избори, tuku  бидејќи следниот шеф на државата речиси сигурно ќе е Емануел Макрон .

А само пред неколку месеци ваквата состојба на работите во француската политика би изгледалe апсурдно . Макрон  ja напушти социјалистичката влада, во кое беше министер за економија, свртувајќи грб на покровителот си , претседателот Франсоа Оланд, и создаде свое политичко движење.

Тој немаше искуство во избори. Тој немаше поддршка од партија . Тој немаше ништо од организациската поддршка на Социјалистичката партија, десничарската “Републиканците” или дури и на “Националниот фронт” на Ле Пен.

И сепак Емануел Макрон некако го  дешифрира духот на времето . Тој откри неискористен резервоар од поддршка меѓу младите, разочараните, но оптимистички настроени и противниците на цинизам.

Макрон е прагматичен – тој тврди дека сака да создаде нов вид политика , разградувањето поделбата меѓу традиционалното лево и десно. Неговата предизборна програма комбинира либерални економски реформи со левичарски политики за социјални теми . Тој се сака да им  олесни компаниите да вработуваат и отпуштаат работници, да ги намали даноците на бизнисот и да се зголеми 35-часовната работна недела. Макрон исто така сака да ја прошири помошта за невработените кон поголем круг луѓе, вклучувајќи самовработените, да стане образованието во врвен приоритет и да ги охрабри преминот кон обновлива енергија.

Тој се претставува како оптимист и проевропски кандидат кој сака да лансира подлабока интеграција на земјите од ЕУ. Политичките аналитичари го споредуваат со поранешниот британски премиер Тони Блер , но неговите критичари тврдат дека тој само зборува и нема никакви политики .

Макрон може да стане најмладиот претседател на Франција, но дали може да обезбеди мнозинство во парламентот останува нејасно. Тој вети дека ќе избере кандидати надвор политичкиот систем – половина од нив жени – за парламентарните избори во јуни.

Макрон би бил најмладиот претседател на Франција, по Наполеон

Ако победи на претседателските избори во Франција, независниот центристички кандидат, 39-годишниот Емануел Макрон, би бил најмладиот претседател на земјата, по Наполеон Бонапартa.

Исто така, првпат во модерната историја на Франција, во вториот круг на претседателските избори влегува кандидат кој не е претставник на ниту една голема партија.

Францизите вчера гласаа во првиот круг на претседателските избори, а според конечните резултати Макрон и претставничката на крајната десница Марин ле Пен освоија најголем број гласови меѓу 11 кандидати и влегоа во вториот круг што ќе се одржи на 7 мај.