Француската Влада поднесе оставка

од Vladimir Zorba

 

Француската Влада на премиерот Бернар Казнев синоќа  поднесе оставка, која беше прифатена од актуелниот претседател  на заминување Франсоа Оланд .

Оставката на социјалистичката Влада е логична и вообичаена според француската политичка традиција, откако Уставниот совет официјално ги соопшти резултатите од претседателските избори одржани на 7 мај, на кои за претседател беше избран Емануел Макрон.

Оланд му се заблагодари на премиерот Бернар Казенев, кој ја извршуваше оваа функција од пред шест месеци.

– Сакам да ја поздравам активностите што ги презедовте од пред околу шест месеци како премиер и сакам исто така да ја потенцирам вашата лична улога што ја имавте во одлуките кои ги носевте во текот на петгодишниот мандат, посебно за да се гарантира безбедноста на земјата, оцени Оланд.

Владата на Казнев ќе ги извршува тековните задачи и обврски се до назначувањето на нова влада од страна на новоизбраниот претседател, највериојатно уште в недела, кога ја презема функцијата или најдоцна в понеделник.

Засега името на идниот премиер, како и составот на новата влада, Макрон ги чува во тајност.

Слични содржини