Францускиот режисер Лук Бесон обвинет за силување

од desk2

Познатиот француски режисер Лук Бесон (59) е обвинет за силување од страна на анонимна актерка. Бесон тврди дека станува збор за измислици.

Полицијата во Франција ги истражува наводите на актерката, која ги искажа во полициска станица во петокот.

– Лук Бесон категорички го отфрла ова измислено обвинување, рече неговиот адвокат Тјер Марембер.

Според адвокатот, тоа се обвинувања од личност која Бесон ја познава и никогаш спрема неа не се однесувал непристојно.

Бесон е познат по филмот од 1988 година „Големото синило“, како и „Леон“, „Подземна железница“, „Петтиот елемент“ и акциониот трилер „Никита“.

Неодамна потпиша режирање на филмот „Валеријан и градот со 1.000 планети“.

Слични содржини