Французинка ги труела богатите љубовници

од desk2

Почна судењето на измамничката која била наречена Црна вдовица поради сомнение дека отрула четворица богати љубовници.

57-годишната Патриција Дагорн, ако биде осудена за две убиства, ја чека доживотна казна. Поранешните љубовници ги труела и се обидувала да дојде до нивното богатство. Прекарот “Црна вдовица” и го дале нејзините жртви, кои го преживеале труењето.

Французинката, дипломирана правничка, до смртта на сопругот живеела мирен живот со синот. Обвиненијата ги прокоментирала со зборовите дека само сакала да се омажи со вдовец како неа. Веќе служи 5-годишна затворска казна во Ница поради грабеж, измама и преземање на имотот на Роберт Мазеру.

Овој 87-годишен маж прифатил Дагорн живее со него во замена за редовен секс. Откако го завела, во една прилика му дала поголема количина на лекови, меѓу кои и валиум и метадон.

“Три месеци љубов за малку ќе ме чиниеа живот”, рекол Мазеру, кој преживеал.

Дагорн барала мажи постари од 80 години преку агенција за запознавање. По неколку состаноци барала да ја вклучат во тестаментот, а понекогаш ги крадела нивните документи.

Обвинението наведува дека во некои случаи е обвинета и за силување./Точка

Слични содржини